Пешиќ: Јас сакам 12 воини на теренот, а не 12 уметници!
Пешиќ имаше само пофални зборови за неговите избраници, а притоа кажа какви кошаркари бара на паркетот.
„Јас знам дека вие сакате уметници, но јас сакам воини. Уметниците не можат да станат воини, но воините може да станат уметници. Им кажав на кошаркарите дека нема пари кога играте за репрезентацијата. Само тренерот заработува. Пари нема, но добивате можност да играте со најдобрите и против најдобрите. Тоа се предизвици за секој кошаркар. Треба да се врати тој однос. Приоритетите се променија, но сега имаме одлична генерација“, кажа Пешиќ.