Ливерпул на крилјата на Салах го нокаутира Саутемптон (ВИДЕО)

Поранешниот англиски и европски шампион Ливерпул славеше на гостувањето кај Саутемптон со 3-2 во 12. коло од Премиерлигата.

Собослаи беше стрелец на првиот гол на „црвените“ во 30. минута од средбата, по што Армстронг во финишот на првото полувреме погоди за 1-1.

Фернандеш во 56. минута ги шокира гостите и погоди за предност од 2-1 на Саутемптон, но потоа голманот на домаќините направи голема грешка во 65. минута и Салах ја затресе мрежата за 2-2.

Ливерпул притисна кон голот на Саутемптон во продолжение од средбата, по што доби пенал во 85. минута, а истиот го реализира Салах.

Избраниците на Арне Слот во моментов се први во лигата со 31 бод, односно осум поени повеќе од Манчестер сити.