Анчелоти може и да не го дочека крајот на сезоната: Реал го враќа поранешниот ас?
Сепак, во случај Анчелоти да добие отказ пред крајот на сезоната, Флорентино Перез би морал да побарал привремено решение, бидејќи Алонсо би пристигнал по завршувањето на актуелната сезона.
Шпанскиот „Релево“ пренесува дека во таква ситуација Перез би го ввратил Сантијаго Солари. Поранешниот ас на Реал веќе еднаш го „гасеше пожарот“ кога Лопетеги доби отказ во 2018 година и остана на клупата од октомври до март. Вкупно „кралевите“ ги водеше на 28 натпревари.
Подоцна Солари ја предводеше мексиканската Америка од ноември до 2019 до јануари 2021 година, а потоа се врати во Реал Мадрид каде што и во овој момент ја извршува функкцијата директор.
Солари сигурно би бил решение за до лето кога Реал со сите сили се очекува да тргне по чаби Алонсо, одредени медиуми веќе и пренесуваа дека „кралевите“ работат на негово доведување.