Диего Симеоне се расплака среде интервју – не можеше да доврши од солзите (ВИДЕО)
Аргентинецот по крајот на натпреварот застана пред камерите, но зборовите не беа доволни за да ги изразат неговите чувства.
„Смирен сум... Не знам што да кажам за овој јубилеј. Го сакам ова место, овој клуб, овој град. Ова место сум јас... Ништо. Здраво“, изјави легендарниот тренер низ солзи, пред да го прекине интервјуто.
Самиот натпревар донесе драма достојна за ваков јубилеј. Гостите од Алавес поведоа уште во 7. минута преку пенал на Гуридија, а Атлетико се мачеше до 76. минута, кога Антоан Гризман го врати тимот во игра со прецизен удар од белата точка. Победата ја обезбеди Сорлот со гол во 86. минута, носејќи три клучни бода за тимот и голема причина за славје.
Симеоне, кој ја презеде клупата на Атлетико во 2011 година, досега има учинок од 412 победи, 156 нерешени резултати и 131 пораз. Под негово водство, клубот двапати ја освои Ла Лига и Лигата на Европа, а со својот страствен пристап го претвори Атлетико во еден од најпочитуваните тимови во Европа. Неговите солзи само го потврдија она што сите веќе го знаат - Атлетико е многу повеќе од клуб за Симеоне, чиј договор трае до 2027 година.