Осасуна прокоцка победа: Морено во 93. минута го спаси Вилјареал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вилјареал може да бидат среќни што освоија бод на гостувањето кај Осасуна (2-2) во 14. коло во шпанската Ла Лига.

Будимир за само 20 минути постигна два гола, и тоа најпрво во осмата минута погоди за 1-0, а потоа од пенал зголеми на 2-0.

Нервозата беше забележлива во редовите на „жолтата подморница“, а судијата подели дури пет жолти картони за гостите.

Надежта за Вилјареал ја врати Баена во 67. минута од натпреварот, додека Морено во 93. минута од пенал погоди за 2-2.

Вилјареал се наоѓа на четвртата позиција со 25 бодови, додека Осасуна е петта во лигата со 22 поени.