Ивановски по голема борба елиминиран од квалификациите во Португалија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски загуби во полуфиналето од квалификациите за турнир во Маиа, Португалија.

Ивановски денеска беше немоќен против литванскиот тенисер Вилиус Галубас и загуби во два тај-брејка со 4-7 и 5-7.

Младиот македонски тенисер пред една недела не успеа да се пласира ниту на главниот турнир во Роверето, Италија.

Да потсетиме, Македонецот паузираше една година надвор од терените поради повреда и операција, а неодамна се врати на тенискиот терен.