Барселона станува зависна од Јамал: Не може да победи кога тој не игра!
Но, медиумите во Шпанија не заборавија да потсетат и на уште еден податок. Барселона уште еднаш не победи кога во составот од првата минута не беше Ламин Јамал.
17-годишниот тинејџер стана еден од најважните фудбалери на каталонскиот гигант, а тоа го покажуваат и резултатите.
Без него во стартниот тим Барселона претходно беше поразена од Осасуна и Реал Сосидад, а се ремизираше со Селта. Очигледно дека шпанскиот репрезентативец има големо влијание во играта на Барселона под водство на Флик.
Барселона сега ја чекаат два натпревари на домашен терен, прво против Брест во Лигата на шампоните, а потоа против Лас Палмас во Ла Лига. Јамал би требало да биде спремен да стартува од првата минута.