Војдан: Денес да одиграме како во завршницата во Скопје!

Македонската кошаркарска репрезентација денеска го игра натпреварот од четвртото коло во квалификациите на Европското првенство во кое повторно наш противник ќе биде селекцијата на Литванија.

Во Скопје, Литванците беа подобри во натпревар во кој од почетокот до крајот имаа водство, а во најголем дел тоа беше и убедливо, но денес Македонија ќе мора да победи ако сака да остане во игра за пласман на Европското првенство.

Капитенот Војдан Стојановски порача дека Македонија денес треба да одигра како во завршницата од средбата во Скопје.

„„Знаеме како треба да одиграме, нешто налик на она што го одигравме во оние втори 20.минути од средбата во Скопје. Очекувам да одиграме квалитетно од првата минута и ќе се обидеме да одржиме ритам во текот на целиот меч, без некои преголеми осцилации. Она што е од исклучителна важност е скок-играта. 

Реално е дека не може да очекувате позитивен резултат ако имате дваесетина скокови помалку од противникот. Јасни се проблемите и лимитираноста во играта под рекетот. Но затоа високите играчи мора да добијат помош и од нас, од играчите од надворешната линија. Односно сите заедно повеќе да учествуваме во таа скок-игра. Ако го оствариме тоа, ќе биде одлично“ , изјави Војдан.

Натпреварот стартува во терминот од 18:30 часот.