Навивачите на Барселона посебно бесни на еден фудбалер: Заминувај, не си потребен!

Френки Де Јонг се најде на мета на критики на навивачите на Барселона по вчерашното реми на каталонскиот гигант против Селта (2:2) во 14. коло од Ла Лига.

Холандскиот фудбалер за врска во игра влезе во 75. минута на местото на Гави и навивачите сметаат дека токму од тој момент започнале и проблемите. 

Барселона водеше со 2:0 со головите на Рафиња и Левандовски во 15. и 61. минута, но Селта преку Гонзалез во 84. и Алварез во 86. минута дојде до бод. Две минути пред првиот гол на Барселона исклучен беше Касадо.

Сепак, голем дел од навивачите се убедени дека најголемиот проблем бил холандскиот фудбалер.

„Заминувај од клубот“, „Не заслужуваш да бидеш капитен“, „Може ли, те молам да заминеш“, „Не си потребен“, „Заминувај што побрзо“...се само дел од големито број коментари упатени кон Де Јонг.

Ќе потсетиме, Де Јонг во редовите на Барселона пристигна пред пет години од Ајакс за сума од 86. милиони евра.