Мурињо: Во Истанбул Роналдо може да дојде само кај неговиот стар пријател

Во претходниот период во јавноста се појавија инфомрации дека Кристијано Роналдо би можел да го засили турскиот гигант Фенербахче, но тоа како што стојат работите нема да се случи.
 

Сонародникот на Роналдо и негов пријател Жозе Мурињо во својата последна изјава пред медиумите јасно ги демантираше таквите најави.

„Кристијано може да дојде во Истанбул да одмори и да јаде нешто бидејќи е точно на половина пат помеѓу Саудиска Арабија и Португалија. Или можеби со својот приватен авион ќе го посети неговиот стар пријател Жозе Мурињо, па заедно ќе одиме на ручек во мојот хотел. Што се однесува до оние кои пишуваат дека ќе заигра за Фенербахче, веројатно се задоволни и среќни со тоа што шират смешни вести“, изјави Мурињо.

Ќе потсетиме, Роналдо и Мурињо успешно соработуваа во времето кога Португалецот го носеше дресот на Реал Мадрид, а Мурињо беше тренер на „кралевите“.