„Не бевме психички подготвени да се бориме со Ферстапен за титулата“

Возачот на Мекларен, Ландо Норис не успеа да му го расипе славјето на шампионот Макс Ферстапен кој денеска ја обезбеди четвртата титула во Формула 1.

Ферстапен денеска на трката за Големата награда на Лас Вегас ја потврди титулата, а Норис го призна поразот.

„Не очекував да се борам за титулата. Постоеше повеќе притисок и стрес, го следат секој ваш чекор. Мораш да возиш подобро во секој момент. Искрено, не бевме психички подготвени да се бориме со Ферстапен за титулата“, призна Норис.