Алесандро Дел Пјеро влегува во трката за претседател на ФИГЦ?

Во италијанските медиуми се појавија информации дека легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро би можел да го наследни Габриеле Гравина на позиција претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија.

Според информациите Дел Пјеро има намера да се кандидира на изборите и ќе ја има поддршката од повеќе клубови.

Изборот на нов претседател во ФИГЦ е закажан за 3 февруари 2025 година во хотел во Рим.

Засега не е потврдено дали Гравина би се кандидирал повторно.