Флик одржал итен состанок во Барселона: Играме навистина лошо

Фудбалерите на Барселона за првпат од почетокот сезоната се во криза, а тренерот Ханси Флик изрази загриженост по вчерашното реми против Селта (2:2).

По убедливата победа над Реал Мадрид Барселона создаде предност од шест бода на врвот на табелата, но само еден месец подоцна и тоа со репрезентативна пауза измеѓу таа предност каталонскиот гигант ја прокоцка. 

Барселона вчера имаше водство се до завршницата, но потоа следуваше исклучувањето на Марк Касадо по кое Селта во четири минути постигна два гола и дојде до реми.

„Не е проблемот само во последните десет минути, проблемот е во цел натпревар. Игравме навистина лошо. Прелесно им дозволивме да дојдат до бод. Не размислував за замена на Касадо откако доби жаолт картон бидејќи не го правам тоа. Но, не е проблемот ниту во исклучувањето, туку во нашата игра. Секако дека сакаме да ја промениме ситуацијата, фудбалерите не се задоволни, никој не е задоволен“, изјави Флик.

Каталонските медиуми пренесуваа и дека Флик веднаш по поразот одржал состанок на кој јасно ги посочил работите кои не му се допаѓаат. Во следните два натпревари

Барселона ќе игра на домашен терен против Брест во Лигата на шампионите и против Лас Палмас во Ла Лига.