Јокиќ спектакуларно се врати на теренот – со трипл-дабл за паметење (ВИДЕО)

Најдобриот светски кошаркар, Никола Јокиќ, се врати на теренот по 13-дневна пауза и тоа со извонредна партија и учинок од 31 поен, 17 скока и 10 асистенции во поразот Денвер Нагетс во пресметката со Далас Маверикс (120-123).

Србинот беше отсутен од 10 ноември поради приватни причини, кои подоцна се потврдија како радосни - раѓањето на син со сопругата Наталија. Неговиот враќање на теренот беше во натпревар од НБА купот против „телињата“, кои настапија без Лука Дончиќ поради повреда на зглобот. И покрај отсуството на Словенецот, Далас имаше предност од 23 поени во третата четвртина. Денвер се врати, па дури и поведе со 113-108 на три минути пред крајот, но противникот од Тексас со низа од девет поени донесе пресврт во завршницата.

Јокиќ, за кого ова беше петти трипл-дабл по ред со што стана само седми кошаркар во НБА со таков учинок, одигра 39 минути, но неговите соиграчи не успеаја да го следат неговото темпо. Најблиски до него беа Кристијан Браун и Мајкл Портер Јуниор со по 17 поени. Од друга страна, Наџи Маршал беше „икс-фактор“ за Далас со 26 поени, а Кајри Ирвинг постигна 19 поени. Следниот натпревар на Денвер е против ЛА Лејкерс.

РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија - Бруклин 113-98, Вашингтон - Бостон 96-108, Њу Орлеанс – Г. Стејт 108-112, Чикаго - Атланта 136-122, Хјустон - Портланд 116-88, Милвоки - Индијана 129-117, Денвер – Далас 120-123, ЛА Клиперс - Њујорк 104-88.