Недовиќ брутално искрен: Игравме како пи*ки – ептен кукавички!

Кошаркарот на Црвена звезда, Немања Недовиќ, го сподели своето разочарување по синоќешниот пораз на неговиот тим на „домашен терен“ од Партизан (77-89) во меч од 11. коло на Евролигата, оценувајќи ја играта на својот тим како кукавичка и пасивна.

Тој беше брутално искрен по неуспехот, преземајќи ја вината за крајниот резултат.

„Игравме како пи*ки, да не кажам нешто уште погрубо - кукавички. Бевме пасивни, како да чекавме некој друг да ја преземе одговорноста, но тоа не се случи. Бевме изгубени и пасивни, што за мене беше многу чудно“, изјави Недовиќ.

Тој истакна дека притисокот по секоја цена да се добие „вечното дерби“ се одразило негативно врз тимот.

„Буквално сè што можеше да тргне наопаку, денеска тргна. Не знам зошто, но од првата минута изгледавме како да сме во паника или под голема тензија. Како да се изгубивме во атмосферата. Чувствувавме притисок дека мора да победиме. Ова ни се случува за првпат сезонава, на секој друг натпревар имавме шанси до самиот крај. Партизан деенска ја контролираше играта цели 40 минути. Одлично одиграа, честитки за тоа“, дополни Недовиќ.

Црвена Звезда во следното коло ќе го пречека Баерн Минехн, додека Партизан ќе игра против Олимпијакос исто така во Белград.