Губиме со минус 17 на полувреме против Литванија и – треба да сме среќни!

Македонската кошаркарска репрезентација е пред вториот пораз во третиот меч од квалификациите за ЕП 2025, откако има голема негатива по првото полувреме од вечерашниот дуел на домашен терен против Литванија (27-44).

Колку и да звучи чудно, жолто-црвените треба да бидат задоволни од крајниот епилог по првите две четвртини, со оглед што противникот на 200 секунди до крајот имаше и плус 23 (40-17). Тогаш минијатура имаше Кристијан Николов, кој со 10 поени по ред за нашиот тим делумно ја намали разликата, која и покрај тоа се уште е преубедлива.

Македонија на овој натпревар игра десеткувана, без Ненад Димитријевиќ поради обврски кон Армани Џинс, како и без натурализиран кошаркар со оглед што Ти Џеј Шортс исто така има евролигашки обврски со Париз, а Итан Хап е повреден.