Леброн се изнервира: Си одам, чувајте се! (ФОТО)

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Леброн Џејмс ја изненади јавноста откако одлучи привремено да се исклучи од сите социјални мрежи.

Играчот кој во својата кариера постигна 40.803 поени во НБА има 159 милиони следбеници на Инстаграм и околу 53 милиони на Твитер, но сите тие извесен период ќе бидат лишени од неговите размислувања.

„По се што е кажано досега, ве поздравувам сите. Ги напуштам сите социјални мрежи извесен период. Чувајте се“, напиша Леброн.

Непосредно пред да го напише ова, тој го сподели твитот на долгогодишниот менаџер на Кевин Дурант, Рич Клајмен кој го критикуваше светот поради целата омраза што владее во него, а новинарите ги искритикува затоа што ги потенцираат само лошите работи во спортот.

Леброн Џејмс и порано си земаше „пауза“ од социјалните мрежи, но најчесто за да се посвети на кошарката.