Реал не ни помислува да го пушти Ендрик на позајмица, Бразилецот останува!

Синоќа се појавија гласини дека во текот на јануарскиот преоден рок Ендрик би можел да биде пратен на позајмица во Саутемптон.

Но, информациите од Шпанија се поинакви, Реал Мадрид нема план да го пушти Ендрик во јануари, а ниту фудбалерот размислува за заминување.

Гласините за премин во Англија и Саутемптон не се точни, тој продолжи да го носи дресот на Реал до крајот на сезоната и покрај малата минутажа која ја има.