Поразот од Бостон е заборавен, Кливленд пак победува (ВИДЕО)
Кавс пред своите навивачи го победија Њу Орлеанс со 128-100, користејќи го фактот што противникот дојде десеткуван во Охајо. Пеликанс се соочуваат со повредени играчи, па мораа да потпишуваат ветерани кои се на долга пауза и со нив да се обидат да му парираат на најдобриот тим во лигата. Се разбира дека не успеаја и доживеаја убедлив пораз.
Натпреварот го одбележа Тај Џером од Кливленд кој во првото полувреме постигна 7 тројки од 10 шута и постигна 27 поени, а неговиот тим на голем одмор замина со +14. По три четвртини беше +32, па во последните 12 минути, стартерите имаа можност да одморат.
За разлика од првото, Џером постигна само два поена во второто полувреме и натпреварот го заврши со 29 поени. Нијанг додаде 20, а најдобриот играч на Кливленд, Донован Мичел на теренот помина само 20 минути и за тој период постигна 10 поени. Антонио Ривс го предводеше Њу Орлеанс, а воедно и беше најефикасен на натпреварот со 29 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд - Њу Орлеанс 128-100
Милвоки - Чикаго 122-106
Хјустон - Индијана 130-113
Мемфис - Филаделфија 117-111
Оклахома - Портланд 109-99
Голден Стејт - Атланта 120-97
Феникс - Њујорк 122-138
ЛА Клиперс - Орландо 104-93