Спортинг го прегази ПСЖ!

Ракометарите на Спортинг Лисабон славеа убедлива победа со 39-28 против Пари Сен Жермен во дербито на вечерта во Лигата на шампионите.

Португалците до убедливиот триумф стигнаа со фантастичната игра во второто полувреме и така му го нанесоа вториот проаз на ПСЖ сезонава.

На паузата водството на Спортинг беше минимално (16-15), но во продолжение доминираа и го прегазија ривалот со дури 11 голови разлика. 

Најрасположен беше Мартин Кошта со девет постигнати погодоци. Во редовите на ПСЖ со шест гола средбата ја заврши Јакоб Холм.