Крстевски: Да одиграме одговорно дома, па после ќе размислуваме на реваншот
Македонската репрезентација во него влегува со биланс од една победа и пораз и со надеж дека ќе успее да направи изненадување. Центарот Бојан Крстевски е свесен дека нашиот тим е драстично ослабен во овој „прозорец“, но смета дека истото важи и за Литванците кај кои недостасуваат главните ѕвезди кои настапуваат во Евролигата и во НБА.
„Не очекува тежок двомеч со Литванија, добро знаеме дека се работи за исклучително силна репрезентација, но од друга страна противникот има нов селектор и сигурно ќе има многу нови работи. Ние ќе играме со изменет состав во однос на претходните натпревари бидејќи недостасуваат голем број играчи, но ни оостанува да одиграме максимално одговорно на домашен терен, а потоа ќе размислуваме за вториот дуел.
За Литванците знаеме дека доаѓаат со изменет состав, претежно со играчи од домашното првенство бидејќи и на нив евролигашите не им се достапни. Стручниот штаб направи анализа, ги знае добрите и лошите страни на противничките кошаркари и мислам дека тоа ќе ни биде од голема корист“, рече центарот на МЗТ Скопје.