И Гвардиола знаел да збесне: Човек сум, грешам! (ВИДЕО)

Во јавноста Манчестер сити објави најава за документарецот посветен на освоените четири титули во низа во Премиер лигата, а во таа најава имаме можност да го видиме Пеп Гвардиола во светло какво што не сме навикнати.

Со текот на годините навикнавме да го гледаме Пеп како мирно седи на клупата и не реагира бурно, но сега го видовме и во таква ситуација.

„Не сум горд на тоа, посебно по натпреварите кога бесен им ги пренесувам емоциите на фудбалерите. Човек сум, грешам. Тоа не ми се допаѓа, но некогаш не можам да се контролирам“, бесно зборува Пеп.

Документарецот го носи името „Together: 4-In-A-Row“.