Димитријевиќ солиден во катастрофата во Атина: Нан ја потопи Олимпија Милано
На домашен терен, ПАО славеше со 103-74, а натпреварот помина во знакот на фантастичниот Кендрик Нан кој имаше своја вечер. Мечот го заврши со 39 поени, 7 скока и 2 асистенции, а погоди осум тројки од 16 шута.
Во првата четвртина Нан го собори рекордот на Евролигата, реализирајќи седум тројки со само едно промашување, а Панатинаикос ги доби тие десет минути со 38-15. Во натамошниот дел од мечот не му одеше толку добро од дистанца, само еднаш погоди од осум обиди, но сепак беше убедливо најефикасен на натпреварот.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше втор стрелец во екипата на Олимпија Милано со 15 поени, еден помалку од Миротиќ, но тоа е слаба утеха за убедливиот пораз на неговиот тим.