„Ѓоковиќ не е легенда како Роџер и Рафа“

Чичкото и поранешен тренер на Рафаел Надал, Тони не го смета Новак Ѓоковиќ за легенда на нивото на неговиот внук и на Роџер Федерер.

Според него, титулите не се главен фактор, туку и начинот на кој се освоени, како и однесувањето на и надвор од терените.

„Има играчи кои со своите спортски достигнувања го надминуваат самиот спорт, како на пример Новак Ѓоковиќ. Но, има и такви кои со своето однесување стануваат легенди. Животот не е само освојување титули, туку и начин на однесување и како стигнуваш до трофеите. Ѓоковиќ во тој поглед не е на нивото на Рафа и Роџер“, рече Тони Надал.

Ѓоковиќ е апсолутен рекордер по бројот на освоени Гренд слем и Мастерс титули, а го држи и рекордот по бројот на поминати недели на првото место на АТП листата.