Милитао успешно опериран, ќе паузира околу девет месеци
Шпанскиот медиум „АС“ објави дека Милитао ги скинал лигаментите на десното колено и го повредил менискусот во мечот против Осасуна.
Според прогнозите, се очекува 26-годишниот бразилски фудбалер да се врати на теренот дури следното лето, односно за него е завршена актуелната сезона.
Милитао пропушти поголем дел од минатата сезона поради тоа што повторно имаше проблем со повреда, односно ги скина лигаментите на левото колено.