Синер за еден месец заработи 10,8 милиони долари

Италијанскиот тенисер Јаник Синер има неверојатна сезона зад себе, а одличните настапи му донесоа и голема заработка.

Синер ја заврши годината на прво место со осум освоени титули, но и голема парична награда поради настапот во Ријад на турнирот „Шесте кралеви“.

Првиот тенисер во светот доби шест милиони долари за настапот во Ријад, додека на завршниот турнир во Торино заработи дополнителни 4,8 милиони долари, па така за помалку од еден месец заработи вкупно 10,8 милиони.