Ван де Зандшлуп го шокира Надал во првиот четвртфинален меч во Дејвис купот
Надал уште на самиот почеток покажа дека ќе има проблеми против Холанѓанецот во првиот четвртфинален меч од Дејвис купот, а не му помогна ни огромната поддршка на теренот во Малага.
Шпанецот по 23 години во професионалниот тенис, 1.080 победи и 92 титули, можеби го одигра последниот меч во кариерата, но тоа ќе зависи од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Талон Грикспор.