Надал се расплака пред „последниот танц“ во кариерата (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по 92 освоени титули во кариерата, меѓу кои и 22 гренслем-пехари, конечно се ближи кон крајот и наскоро ќе се повлече од тениските терени.

Шпанија игра против Холандија во четвртфиналето на Дејвис Купот во Малага, а Надал претходно објави дека тоа му е последно натпреварување во кариерата.

Пред почетокот на мечот, за време на химната, Надал не можеше да ги задржи солзите и се расплака пред публиката.