„Јокиќ повеќе личи на камионџија, отколку на спортист“

Легендарниот кошаркар Боб Кузи во интервју за „Денвер Газет“ зборуваше за српскиот играч Никола Јокиќ кој е главен во редовите на Денвер нагетс.

Јокиќ оваа сезона во просек постигнува по 29,7 поени, 13,7 скокови и 11,7 асистенции, а Денвер секогаш има потешкотии кога Србинот не е на теренот.

„Никола е застапен во сите сегменти од играта. Неговата игра ме воодушевува. Ако го погледнете, можеби не личи ниту на спортист. Повеќе личи на камионџија, но има вештини да победи било кого. Покрај тоа, знае да погоди тајминг и да го реши мечот“, кажа Кузи.

Кузи е роден во 1928 година, а во кариерата играше за Бостон и Синсинати.