Куманово преку Радовиш до трета победа во Суперлигата

Ракометарите на Куманово беа подобри од Радовиш со 30-26 со што го оставија Радовиш како единствен тим без победа во Суперлигата на Македонија.

Во поголемиот дел од натпреварот Куманово беше подобриот противник на теренот и на пауза домаќините заминаа со 15-12. 

Не се променија работите ниту во второто полувреме, па домашните ракометари само ја одржуваа предноста.

Најефикасен на средбата беше Давид Димевски со 11 постигнати гол. Во редовите на поразените се истакна Здравко Постолов со шест.