Серафимов: Најважно е дека победивме и одиме во Б дивизија

Никола Серафимов беше херојот на Македонија во победата над Летонија, тој беше стрелец на единствениот гол на мечот.

Македонија ја совлада Летонија со 1-0 и ја забележа четвртата победа во низа со која го заверивме местото во Лига Б од Лигата на нации. 

„Најважно е дека победивме. Беше тежок натпревари, тие се добро организирани, денеска играа малку поповлечени со обиди да не загрозат со контри, но со исклучок на една две ситуации ги запревме во тие намери. Беше тешко да се пробијат, да создаваме шанси, но на крајот победивме и се пласиравме во Б дивизија, а тоа е најважно“, вели стрелецот на голот, Никола Серафимов.

„Селекторот пред мечот потенцираше да не правиме никакви калкулации околу бодовите, да победиме денеска и против Фарски Осторви и така да го завршиме циклусот“.

Македонија следниот меч го игра во недела од 15 часот против Фарски Осторви.