Суперкомпјутерот има нов фаворит за титулата во Премиерлигата

Манчестер сити влезе во резултатска криза и тоа му овозможи на Ливерпул да избега на пет бодови предност на врвот на табелата.

Суперкомпјутерот на „Опта“ има нов фаворит по 11 одиграни кола, па така најголеми шанси му дава на Ливерпул за титулата.

Ливерпул има 59,3 отсто шанси за титулата, по што следи Манчестер сити со 36,2 проценти, а Арсенал е трет со 4,1 отсто.