Енрике е разочаран: Ни требаат 20 шанси за да постигнеме еден гол!
Тренерот на парижаните, Луис Енрике на прес-конференција кажа дека е разочаран поради поразот од шпанската екипа.
„Останаа четири тешки натпревари, но до крајот ќе се трудиме. Примивме смешни голови. Ни требаа 20 шанси за да постигнеме еден гол. Мораме да ја прифатиме ситуацијата, вакво нешто не сум видел никогаш и не можам да го објаснам, иако работам повеќе од 30 години во светот на фудбалот“, кажа Енрике.
Францускиот гигант по четири одиграни кола има освоено само четири бодови и се наоѓа на 25. место во групната фаза.