Тимот што ја исфрли Шкендија, прими шест гола од Челси - за едно полувреме!

Неверојатен резултат по првото полувреме во мечот од Конференциската лига меѓу Челси и Ноа, англискиот тим води со 6-0.

Ерменскиот тим Ноа на патот до групната фаза од Конференциската лига го исфрли и македонскиот претставник, Шкендија, а вечерва доживува тежок срам.

За едно полувреме примија дури шест голови на гостувањето на Стемфорд Бриџ.

Два гола даде Жоао Феликс, по еднаш погодија Адарабијо, Гуи, Дисаси и Мудрик.