Црвена звезда лесно ја среди Алба и ја прекина серијата порази!

По четири порази едно по друго во Евролигата, Црвена звезда конечно победи, црвено-белите со убедливи 92-71 ја совладаа Алба Берлин.
 

Дека ова нема да биде тешка задача за српскиот тим се виде уште во првиот период кој Црвена звезда го доби со 23-14, Алба пружаше отпор во вториот период намалувајќи и на два разлика, но домаќинот се одлепи и на одморот се замина со 41-32.

Во второто полувреме Црвена звезда дополнително го зголеми водството и на крајот славеше со највисоката предност која ја имаше, 21 разлика, конечниот резултат беше 92-71.

Најефикасен во составот на Црвена звезда беше Коди Милер Макинтајр со 15 поени, Петрушев постигна 14, Калиниќ 13. Кај Алба Просида постигна 25 поени.