Поранешен фудбалер на Интер и Рома потпиша за клуб од Нови Пазар да игра кошарка (ФОТО)
Клубот со оваа вест го привлече вниманието на јавноста, истакнувајќи дека Љајиќ нема целосно да ја замени фудбалската со кошаркарска топка, но ќе биде достапен за тренерот Хаџериќ кога ќе му дозволат обврските со фудбалскиот тим. Од клубот соопштија дека поранешниот репрезенттивец на Србија е познат по својата љубов кон кошарката и дека со ова ќе има можност да ја покаже својата вештина и во овој спорт пред локалната публика.
„Ова ќе му биде остварување на сонот и одлична прилика за него да се покаже пред пазарската публика“, истакнаа од клубот на Инстаграм.
Кошаркарскиот тим на Нови Пазар моментално се наоѓа на второто место на табелата со четири победи.