Евролига жестоко удри по Звезда: „Црвено-белите“ казнети со 74.500 евра
Белграѓани имаа многу забелешки на судењето и арбитрите ги посочија како главни виновници за нивниот пораз во Литванија, а по мечот својот гнев го изразија преку изјавите за медиумите. Како последица на судењето во Каунас, два дена подоцна во Белград, во пресрет на дуелот со Панатинаикос, беше истакнат огромен транспарент со навреди кон Евролига и судиите поради што доцнеше почетокот на натпреварот. Тоа очигледно не поминало незабележано од дисциплинците на Евролига кои по неколку основи ја казнија Звезда со вкупна сума од 74.500 евра.
Казнети се неколку играчии, претседателот и клубот и сите парично. Казната за Црвена Звезда како клуб е 32.500 евра за однесувањето на навивачите на дуелот со Панатинаикос и уште 10.000 евра за јавно коментирање на работата на судиите на дуелот со Жалгирис. Поради коментарите за работата на судиите, казнети се уште: Немања Недовиќ со 10 .000 евра, Лука Митровиќ со 7.000 евра, Никола Калиниќ со 5.000 евра и претседателот Жељко Дрчелиќ со 10.000 евра.
За кошаркарски услови, ова е огромна сума, но во белградскиот клуб, како и неговите навивачи, веројатно ќе сфатат дека не смеат да ги прекршуваат правилата.