„Најдобриот тим на Звезда по Бари“ ја има најслабата одбрана во Лигата на шампионите

Генералниот директор на Црвена Звезда, Звезда Терзиќ пред почетокот на сезоната во Лигата на шампионите, сакајќи да ја пофали својата работа и ангажираните засилувања во текот на летото, го посочи актуелниот тим на „црвено-белите“ како најдобар во последните 33 години, односно од оној што ја освои титулата во Купот на европските шаампиони во 1991.

Ако е точна неговата проценка, тогаш ова е апсолутен дебакл за белградскиот клуб затоа што Црвена Звезда по четири кола ја има најслабата одбрана во Лигата на шампионите. По синоќешната „петарда“ од Барселона, српскиот првак има примено вкупно 16 гола во елитното натпреварување или во просек по четири по натпревар. На два меча по пет пати се тресеше мрежата на „црвено-белите“, вчера и против Монако, од Интер прими четири гола, а само Бенфика во првото коло беше помалку ефикасна и победи со 2-1.

Како последица на ова, Звезда во моментов е на претпоследното место на табелата во Лигата на шампионите без бодови, а послаб ефект има само Слован (2-15). Бодови немаат ни Лајпциг, Штурм, и Јанг Бојс, но тие не примаат толку голови како Звезда.

Шансите за пласман во следната фаза се минимални, но блграѓани ќе се обидат да го поправат впечатокот во последните четири кола во ги пречекуваат Штутгарт и ПСВ, а гостуваат кај Милан и Јанг Бојс.