Ал Хилал ќе му го раскине договорот на Нејмар!?

Медиумите од Саудиска Арабија пишуваат дека Нејмар оваа зима би можел да го напушти Ал Хилал, откако повторно се повреди и го чека нова пауза.

Нејмар одигра само седум официјални натпревари за Ал Хилал по неговото доаѓање, а паузираше цела година надвор од терените поради повреда.

Бразилецот има договор до јуни 2025 година, но Ал Хилал планира да му ја прекине соработката уште во јануари.

Медиумите пишуваат дека Нејмар најверојатно ќе се врати во Сантош, каде што играше пред да потпише за Барселона.