Само еден фудбалер на Реал им се извини навивачите по поразот од Милан (ВИДЕО)

Реал Мадрид беше поразен од Милан со 1-3 на домашен терен во вчерашното дерби од Лигата на шампионите и за „кралевите“ ова беше втор пораз во низа и двата ги претрпе на домашен терен.

Претходно Барселона славеше во Мадрид со 4-0 во рамките од Ла Лига, натпреварот со Валенсија беше одложен, па дојде дуелот со Милан во Лигата на шампионите.

Навивачите на „Бернабеу“ по вчерашниот пораз испратија жестоки свирежи кон фудбалерите уште на полувремето. На крајот секако беа разочарани поради бледото издание на нивните миленици.

По овој неуспех само Антонио Рудигер не побрза во соблекувалната и тој беше единствениот кој остана на теренот да им се извини на фановите. Кратко со него беше Хесус Ваљехо, но тој брзо се повлече.