Магијата на Аморим траеше само 80 секунди: Ипсвич освои голем бод против Јунајтед!
Маркус Рашфорд по само 80 секунди ја затресе мрежата на Ипсвич, а тоа предизвика голема еуфорија кај навивачите затоа што ова беше деби натпревар за португалскиот тренер Рубен Аморим, кој најави подобри денови за „ѓаволите“.
Радоста на гигантот од „Олд Трафорд“ не траеше многу долго затоа што набрзо Омари Хатчинсон постигна прекрасен гол за 1-1 во првото полувреме.
Избраниците на Аморим не импресионираа во вториот дел од средбата, а ништо подобар не беше ниту Ипсвич, па на крајот двете екипи си поделија по еден бод.
Јунајтед по 12 одиграни кола се наоѓа на 12. место со 16 бодови, додека Ипсвич е во зоната на испаѓање со девет поени.