Димитријевиќ игра во транс – НБА партија за Нено во првите 20 минути во Клаипеда!
Кошаркарот на Армани Милано е незапирлив, погодува од секоја позиција за што најдобар доказ е фактот што првитер 20 минути ги заврши со неверојатни 28 поени. Тој упати вкупно 17 шутеви кон противничкиот кош, а погоди десет пати од кои четири шута беа за тројка, а згора на сето ова има и четири асистенции.
Македонија игра храбро и е на добат пат да покаже дека убедливиот пораз во Скопје е плод на лош ден и на десеткуван состав. Со евентуална победа во Клаипеда шансите за пласман на ЕП и тоа како ќе ни станат реални.