Сопругата на Валверде му објаснуваше на Анчелоти каде треба да игра Феде!

Сопругата на Феде Валверде беше гневна затоа што тој беше изваден од игра на полувремето, па таа распали на социјалните мрежи.

Мина Бонино, на социјалната мрежа „Икс“ го искажа својот бес затоа што Валверде беше изваден на полувреме.

„Подобро да го исклучам ова. Ако кажам што мислам, ќе ме заробат“, рече Бонино, па продолжи да објаснува во коментари.

„Феде игра најдобро во средниот ред. Кога ќе сфатите дека тој не е крилен фудбалер“.

Откако сфати дека избрза и дека со коментарите може да му направи само штета на својот сопруг и да го посрамоти, таа ги избриша. Но, тие беа сочувани и објавени од шпанските медиуми кои и му поставија прашање на Анчелоти во врска со тоа.

„Феде не можеше да даде сто проценти од себе. Имаше проблеми со грбот во текот на неделата, вчера тренираше добро и затоа беше стартер. Имаше проблеми во првото полувреме, не беше на најдобро физичко ниво и затоа го извадив од игра на паузата“, рече Анчелоти.