Претстои спектакл во Битола: Пелистер соопшти дека сите билети за дербито со Вардар се - распродадени
Поранешниот освојувач на Купот на Македонија објави дека на ден пред натпреварот, повеќе нема билети во продажба бидејќи сите се распродадени. Тоа значи дека новата трибина на стадионот ќе биде исполнета до последното место и се очекуваат околу 6-7.000 гледачи на најголемото македонско фудбалско дерби.
Спектаклот со своето присуство ќе го збогатат и навивачите на Вардар, Комити кои најавуваат дека во голем број ќе пристигнат во Битола. Натпреварот меѓу Пелистер и Вардар ќе има големо значење и од резултатски аспект бидејќи двете екипи се во борба за опстанок. „Црвено-црните“ одат кај најголемиот ривал како последнопласирани на табелата со само осум бода, додека Пелистер е на осмата позиција, но со само два бода повеќе од десеттопласираната Воска.