Несторовски: Милевски не ме повикува затоа што сум добар со Пандев и Ангеловски!

Искусниот македонски напаѓач Илија Несторовски со враќањето во Хрватска каде што потпиша за Славен Белупо започна и да ја враќа голгетерската форма, а сега во големо интервју за хрватски „Индекс“ зборуваше на повеќе теми.

Една од темите беше и македонската фудбалска репрезентација каде што Несторовски не добива повик од селекторот Благоја Милевски, а тој смета дека тоа е така поради неговиот добар однос со екс-селекторот Игор Ангеловски и поранешниот капитен на репрезентацијата Горан Пандев.

„Не сум во репрезентацијата затоа што селекторот така одлучи. Не ме повикува затоа што сум добри односи со Пандев и Ангеловски. Нема тоа врска со новиот клуб, па лани бев повикан на еден ден пред потписот со Асколи, а сега играм во континуитет. Наводно, не се вклопувам во неговите замисли но нема врска. Можеби некои луѓе немаат храброст за конфронтација.

Но, не сум се откажал од репрезентацијата, секогаш ќе бидам тука да одговорам кога ќе добијам повик. Нема врска со хрватската лига, има тука фудбналери од Хајдук, Вараждин, па и од послаби лиги, не сум повикуван затоа што можеби мисли дека има подобри од мене, мое е да играм и да се докажувам. На располагање сум, се надевма нема да ми заврши репрезентативната кариера на ваков начин“, изјави Несторовски.

Целото интервју на Несторовски можете да го прочитате - ТУКА.