Познато кој ќе биде првиот натпревар на Аморим на клупата на Манчестер јунајтед
Манчестер Јунајтед пред неколку дена го отпушти Ерик Тен Хаг и брзо ги заврши преговорите со португалскиот стратег за кого на Спортинг ќе му плати десет милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клазула.
Утрово беше објавено дека јунајтед е задоволен од Ван Нистерлој по победата со Лестер и нема да го брза Аморим кој сака во клубот да дојде со почетокот на репрезентативната пауза.
Тоа значи дека негов прв натпревар би бил дуелот со Ипсвич на 24 ноември. Аморим со Манчестер јунајтед ќе потпише договор до 2027 година.