Аморим не доаѓа сам во Манчестер, со себе носи и напаѓач од Спортинг

Португалскиот тренер Рубен Аморим ќе го напушти кормилото на Спортинг Лисабон и ќе го преземе англискиот гигант Манчестер јунајтед, откако падна договор меѓу двете екипи.

Аморим нема сам да дојде во Манчестер, односно сака со себе да го земе и одличниот напаѓач Виктор Ѓекереш.

Ѓекереш минатата сезона постигна 36 голови на 44 настапи, а игра извонредно и од почетокот на новата сезона, па наскоро би можел да добие нов предизвик во кариерата.

Спортинг за неговите услуги бара 100 милиони евра, а „ѓаволите“ наводно се подготвени да платат 70 милиони.