Џерард не ги оправда огромните пари, Саудијците му спремаат отказ!

На Стивен Џерард не му оди во Саудиска Арабија, очекувањата се дека многу брзо ќе добие отказ од кормилото на Ал-Етифак.

Ал-Етифак синоќа беше елиминиран од осминафиналето на Купот на Саудиска Арабија од второлигашот Ал Џебелеин кој е во долниот дел на табелата во втората лига.

Ова е кулминација на лошите резултати во првенството каде Ал-Етифак нема победа од средината на септември.

Саудијците имаа високи очекувања од Џерард кој добива 15,2 милиони фунти годишна плата, но легендата на Ливерпул не се покажа како добар тренер.