Анчелоти продава еден од омилените фудбалери, цената е - 100 милиони евра!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид наводно е подготвен да го продаде францускиот фудбалер Орелиен Чуамени за 100 милиони евра, иако е еден од омилените фудбалери на Карло Анчелоти.

Медиумите пишуваат дека „кралевите“ се подготвени да прифатат понуда од околу 100 милиони евра, а дел од парите ќе ги искористат за да тргнат по потписот на Родри од Манчестер сити.

Чуамени пристигна во Мадрид од Монако за 80 милиони евра пред две години, но раководството на шпанскиот тим решило дека е време да го продаде.