Мечот меѓу Валенсија и Реал Мадрид официјално е одложен
Мечот меѓу Валенсија и Реал Мадрид кој требаше да се игра на Местаља во сабота е одложен поради катастрофалните поплави кои се случија во овој регион кои однесоа многу жртви.
Валенсија претходно соопшти дека ќе побара одложување на мечот, а Реал Мадрид рече дека ќе го прифати секое нивно барање во овој тежок период.
Ла Лига денеска и официјално го одложи мечот, а од истите причини е одложен и дуелот меѓу Виљареал и Рајо Ваљекано.